MONTENEGRO

За компанијата

Приказната задМОНТЕНЕГРО

МОНТЕНЕГРО е компанија со повеќе од 30 години успешно присуство на македонскиот пазар, специјализирана за продажба на ексклузивен италијански мебел. Нашите корени водат уште од 1963 година, кога како семејна производствена компанија започнавме со работа во Црна Гора – од каде потекнува и името МОНТЕНЕГРО.

Времеплов на МОНТЕНЕГРО: 1963 Никшиќ, 1994 Гостивар, 2007 Скопје

1963 — 2026

Денес сме генерален и ексклузивен застапник на голем број врвни италијански брендови, нудејќи комплетни решенија за уредување на домови, деловни простори, хотели, ресторани, кафулиња и други комерцијални објекти.

Во нашата понуда ќе ги пронајдете најпознатите италијански производители, меѓу кои се: Aran Cucine, Calia Italia, Bontempi Casa, Tonin Casa, Tomasella, Newform, Novamobili, Sedit, Alf DaFrè и многу други.

Со внимателно избрани колекции, врвен квалитет и професионална услуга, создаваме ентериери што ги спојуваат функционалноста, естетиката и безвременскиот италијански дизајн.

Ве покануваме да ги посетите нашите изложбени салони во Скопје и Гостивар и да ја откриете инспирацијата за вашиот простор.

Пребарувај по категоријаНово 2026